Introduction » ФОТО ТАПЕТИ за ѕид

Фото тапети за ѕид


Откријте потполно нова димензија на уредување на ентериерот со помош на тапетите за ѕид. Со нашите модерни тапети за ѕид ќе го направите Вашиот простор место во кое одлично ќе се чувствувате. Ѕидните тапети се одамна голем хит во Америка и Западна Европа, а сега имате можност да ги купите и во Македонија. Нашите украсни тапети ќе ги примамат погледите на Вашите гости, а уредувањето на Вашиот дом ќе достигне сосема ново ниво.

Изберете мотиви по свој вкус, без разлика дали се работи за тапет имитација на камен, или тапен за врата, или некој друг декоративен тапет.

Доколку барате совршени тапети за домот, совршени тапети за детска соба - се наоѓате на вистинското место!

Sort by 
Manufacturer  

Вообичаена цена 2,399 мкд

Цена 1,979 мкд

ново


Вообичаена цена 2,399 мкд

Цена 1,979 мкд

ново


Вообичаена цена 2,399 мкд

Цена 1,979 мкд

ново


Вообичаена цена 2,399 мкд

Цена 1,979 мкд

ново


Вообичаена цена 2,399 мкд

Цена 1,979 мкд

ново


Вообичаена цена 1,499 мкд

Цена 1,199 мкд

ново


Вообичаена цена 1,499 мкд

Цена 1,199 мкд

ново


Вообичаена цена 1,499 мкд

Цена 1,199 мкд

ново


Вообичаена цена 2,399 мкд

Цена 1,979 мкд

ново


Вообичаена цена 2,399 мкд

Цена 1,979 мкд

ново


Вообичаена цена 2,399 мкд

Цена 1,979 мкд

ново


Вообичаена цена 2,399 мкд

Цена 1,979 мкд

ново


Вообичаена цена 2,399 мкд

Цена 1,979 мкд

ново


Вообичаена цена 2,399 мкд

Цена 1,979 мкд

ново


Вообичаена цена 2,399 мкд

Цена 1,979 мкд

ново


Вообичаена цена 2,099 мкд

Цена 1,619 мкд

ново


Вообичаена цена 2,099 мкд

Цена 1,619 мкд

ново


Вообичаена цена 2,099 мкд

Цена 1,619 мкд

ново


Вообичаена цена 1,499 мкд

Цена 1,199 мкд

ново


Вообичаена цена 1,499 мкд

Цена 1,199 мкд

ново


Вообичаена цена 1,499 мкд

Цена 1,199 мкд

ново














ТАПЕТИ ЗА ЅИД- УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Материјал и алатки потребни за лепење на декоративниот тапет:

1. лепило за хартиени тапети,

2. четка за лепило за декоративни тапети,

3. валјак за тапети,

4. сад за припрема на лепилото,

5. скалпел или нож за хартија,

6. пенкало, линијар, шоља за мерење.

Препорачуваме да фототапетите ги лепат минимум две личности.

Припрема на ѕидот за лепење на тапетот:

1. Од ѕидовите е потребно да ги отстраните сите нерамнини. Не препорачуваме да лепите тапети на гол малтер. Површината би требало да е мазна и рамна.

2. Ѕидовите од гипс плочи, или ѕидовите покриени со гипс или друг материјал кој има сбојство на апсорбција треба да се третира за да се спречи тоа својство. Со тоа ќе го избегнете впивањето на лепилото во површината и со тоа ќе овозможите темелно лепење на тапетот на ѕидот.

3. Ѕидовите кои претходно биле насликани треба да ги измиете со сликарски сапун и тоа во смер одоздола- нагоре.  Потоа обработете ја површината со хартија за стругање (шмиргла), со што ќе се постигнат подобри својства за нанесување на лепилото.

4. На ѕидовите кои веќе имале тапет на себе потребно да го отстраните претходниот тапет. Со помош на сунѓер или четка потребно е да ја навлажните позадината. По приближно 15 минути, отстранете ги тапетите со помош на шпахла. Вообичаено е да се вади во смер одозгора- надолу. 

5. Во случајот кога тапетите се поклопуваат со приклучоци и прекинувачи, потребно е претходно да ја исклучите стријата, да го извадите приклучокот или прекинувачот, да го залепите фототапетот, и по сушењето да направите дупка по потреба.

6. Површината пред лепењето на тапетот мора да биде чиста, сува, рамна, мазна, без грутки прашина или остаток на боја.

7. Припремата на подлогата мора да биде завршена барем 24 часа пред започнување на процесот на самостојно лепење на тапетот.

Припрема за почеток на лепењето на декоративниот тапет:

1. Пред нанесувањето на лепилото на тапетот, потребно е да си осигурате доволно простор нза работа на масата или подот.

2. Пред нанесувањето на лепилото на тапетот, треба да го отворите и одмотате секој тапер, како би била видлива некоја можна грешка или деформација. Проверете дали е тоа што сте го нарачале, дали се добри димензиите, точна бојата и дали се доставени сите делови од фото тапетот. Доколку фото тапетот е составен од повеќе делови, потребно е да проверите дали тие меѓусебно се вклопуваат и дали се иста боја/ нијанса.

3. Лепилото потребно е да го припремите како што е препорачано во упатството од производителот на пакувањето.

Лепење на тапетот на ѕид:

1. На почеток го бираме местото каде ќе го лепиме тапетот. Со молив и линијар ќе ги означиме рабовите, т.е. границите каде ќе го поставиме тапетот.

2. Лепилото се нанесува на тапетот со сунѓер или валјак на непечатената страна, доволно долго за тапетот да почне да го впива лепакот. Нанесете го лепилото ррамномерно насекаде, но максимално 1 минута, за да не би ставиле премногу лепило.

!!! ВНИМАНИЕ !!! Потребно е да нанесете само еден слој лепило на површината на тапетот.

3. Нанесувајте го лепилото на тапетот во смер од внатре- кон надвор, така да целиот тапет го прекриете со лепило. Со ова ќе спречите појава на воздушни меурчиња по поставувањето на фото тапетот на ѕид.

4.При поставувањето на тапетите на ѕид мора да бидете многу внимателни да не направите некои нерамнини или набори кои подоцна би го уништиле впечатокот за Вашиот ѕид. Доколку тапетот е благо замотан, само одмотајте го и отстранете ги нерамнините од замотувањето, тоа не би требало да претставува проблем. При нанесувањето на лепилото бидете свесни дека тапетите се изработени од хартија, и со тоа ги имаат сите нејзини карактеристики, затоа бидете внимателни бидејки лепилото ќе ги прави вашите тапети малку искривени, што Вие ќе го исправите при поставувањето на ѕидот.

5.Првиот дел од тапетот (доколку се состои од повеќе делови) поставете го во однос на граничната линија која ја означивте. Треба да бидете внимателни бидејки првиот дел на тапетот ја одредува насоката на сите останати делови. Пренесете го тапетот на ѕидот и благо притиснете го со што сам ќе се залепи. 

6. Потоа, треба да го поминете таптот со валјак како секој дел би се залепил на ѕидот. Движете го валјакот в смер одозгора- надолу и од внатре кон рабовите. Со ова ќе отстраните и многу воздушни меурчиња. Некои од воздушните меурчиња кои нема да можете да ги отстраните со валјакот, ќе ги отстраните откога ќе се исуши тапетот и потоа со игла ќе го боцнете местото дозволувајќи воздухот да излезе надвор.

7. За да го продолжите процесот на лепење, повторувајте ја истата постапка со внимателно поставување на тапетите еден до друг. Треба да обрнете внимание на рабовите, за да се вклопат во една целина. Кога ќе ги поставите наредните делови, вишокот лепило отстранете го со крпа со лесни движења.

8. !!! ВНИМАНИЕ !!! Со оглед на тоа дека тапетите се вид на хартија, со нив мора да се постапува исклучително внимателно. Немојте да ги растегнувате и со тоа да ги скинете, да им правите набори или било што ненаведено со што би можеле да направите грешка со непрофесионално ракување.

9. Деловите од тапетот кој се вишок над и под ѕидот, внимателно одстранете ги со линијар и скалпел или нож за хартија.

Најчести грешки при поставување на декоративни тапети:

1. Доколку не оставите доволно време да се впие лепилото, може да се појават воздушни меурчиња при поставувањето на ѕид.

2. Ставање премногу лепило и кинење на тапетите пред поставувањето.

3. Неадекватно ракување и чување на тапетите по доставата.

Важни ПРЕДУПРЕДУВАЊА во случај на рекламација на тапетите:

По доставата потребно е да проверите:

- дали е доставена исправна димензија на тапетот, како и модел, што ќе видите на налепницата. Потоа отворете го паковањето.
- дали примерокот е исправен, димензиите, и дали боите се во ред, и дали е во склад со Вашиот ѕид. 
- дали се доставени сите делови на фото тапетот, и дали деловите се вклопуваат (доколку фототапетот е составен од повеќе делови) 
- дали фото тапетот на некој начин е оштетен или изгребан, со што би се влијаело на неговото визуелно совршенство.

Жалбата е валидна само доколку ги зачувате тапетите за ѕид, ги спакувате во оригиналното пакување и ги испратите назад. Затоа Ве молиме да го зачувате оригиналното пакување.

Рекламациите не важат за тапети кои претходно биле употребувани (нанесено лепило, лепени на ѕид итн.).

За било какви оштетувања при употребата ние не сносиме никаква одговорност!

При лепењето на фото тапетите на ѕид потребно е да се држите по правилниот пристап по упатствата и да одберете добро лепило за тапети.

ZGVhNWZiM