Општи услови на работење
Општи услови на работење

 

Податоците кои ни ги доставувате преку slikomania.mk, служат исклучиво за овозможување на поединечни услуги и нема да бидат проследени на трети лица или на било кој начин комерцијално експлоатирани. Преку формулар се пријавувате за испраќање на info e-mail-ови - newslettera вашата e-mail адреса наведена во нарачката. Во случај да сакате да го прекинете примањето на e-mail-ови треба само да не известите на e-mail info@slikomania.mk.


Општите услови на работење се применуваат на работниот однос помеѓу купувачите и компанијата Сликоманиа д.о.о.е.л Струмица , дел од ARTMIE, spol. s r.o., Strojárska 603/85, 069 01 Snina, Slovakia . Личноста одговорна за работењето е Valerian Grass ( info@slikomaniа.mk ).


Возможно е да не контактирате преку e-mail info@slikomania.mk или секој работен ден од 8:00 - 16:00.

 

Давателот (на услугите) се обврзува:


- да го испорача точниот вид и количина на роба за куповна цена и условите за плаќање настапуваат на сила на денот на испраќање на електронската нарачка,,
- да ја испрати робата по нормите, прописите и правилата по стандарди на ЕУ.

Купувачот се обврзува:

- нарачаните производи исправно да ја превземе, да ја провери целосноста на пакетот, во случај на пропусти веднаш да го извести превозникот (курирската служба) што порано,
- да ги плати производите по купопродажна цена во рок од 7 дена и целосно во склад со условите на плаќање кои важат на денот на испраќање на нарачката, во спротивно нарачката ќе биде откажана.

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАРАЧКАТА: Начин на откажување на нарачката- преку телефон или e-mail во рок од 24h.

Отстапки од договорот, и враќање на робата без наведена причина

Купувачот е овластен по Закон без да наведе причина да го прекине договорот во рок од 7 дена од денот на превземање на робата или од склучувањето на договорот за пружање услуга, доколку купувачот навремено и правилно ги достави потребните информации во склад со чланот од исти закон. За прекинот на договорот, купувачот мора да го информира купувачот писмено и тоа преку e-mail или писмо.

Во рок од 30 дена од доставата на производите истите е возможно да ги вратите без наведена причина.  Купувачот ги враќа производите на свој трошок, и плаќа поштарина. Доколку сакате потполен поврат на парите платени за производите, без поштарина, производите мора да бидат во оригиналното пакување, неоштетени, во идентична состојба како кога се купени. За успешен прекин на договорот, купувачот ќе биде известен преку e-mail во рок од 24h од моментот на прекинот на договорот. Доколку купувачот не добие e-mail во овој рок, негова обврска е да ги извести или преку телефон или преку e-mail reklamacii@slikomania.mk дека оваа информација не му е доставена. Доколку на купувачот не му се допаѓа сликата, или не му одговара големината за неговиот ѕид, и не сака да ја замени со ниедна друга слика од нашата понуда, неоштетената слика спакувана во оригиналното пакување мора да ја испрати заедно со потполнет ФОРМУЛАР. Испратете ја сликата заедно со формуларот на адресата:

ул. 15-ти Мај бр.28

Карго Експрес - Струмица

( За Сликоманиа д.о.о.е.л Струмица )

Во случај да добиете порарок со сликата (на пример часовник или фототапет гратис), треба да го испратите со сликата. Испратете ја сликата преку нормална поштенска услуга, а не преку услуга за плаќање при превземање. Не прифаќаме плаќање при превземање! По примање на сликата нашата адреса, во рок од 15 дена почнува да тече рокот за враќање на парите. Ако сте ги примиле производите преку пошта, парите ќе Ви бидат вратени преку поштенска услуга за таа намена. Доколку курир ви ја доставил сликата, пополнете го бројот на вашата банкарска сметка на формуларот на кој ќе Ви ги уплатиме парите.

 

Замена на производите во рок од 30 дена

Доколку сликата која сте ја нарачале не Ви се допаѓа или не се вклопува во Вашиот ентериер и сте заинтересирани за некоја друга слика од нашата понуда, испратете ни e-mail на reklamacii@slikomania.mk. Напишете ни го бројот на производот, сликата за која сте заинтересирани + нејзините димензии. Откако ќе ја примиме сликата од нашиот добавувач ќе Ви ја испратиме по курир кој со Вас ќе направи размена на сликите. Доколку не ја имаме сликата на залиха, најдолгиот рок на размена е 10 дена. Доколку цената на сликата за која сте заинтересирани е повисока од цената на претходната, морате да ја платите разликата. Однапред треба да не известите за начинот на плаќање кој Ви одговара.

Доколку производите ги испратите пред нашиот курир да стигне да ги превземе, нема да Ви ги платиме трошоците за поштарина (доколку самите ја испратите сликата без чекање на курирот кој ви носи замена).


Плаќање и услови за достава

За секој нарачан производ можете да платите однапред (преку трансфер преку банка, уплата на сметка во банка, PayPal или некој друг начин) или при превземање. Рокот на достава на производите е:

  • Печатени слики: 7-12 работни денови
  • Рачно сликани слики: 10-15 работни денови
  • Фототапети: 7-12 работни денови
  • Налепници: 10-15 работни денови
  • Ѕидни часовници: 7-12 работни денови
  • Прекривки: 20-25 работни денови

Доколку не е возможно да се достават нарачаните производи  или е можна само делумна достава, продавачот е обврзан да го извести купувачот за тоа во најкраток можен рок. Во тој случај, продавачот ќе му понуди на купувачот возможно решение, а ако не е обврзан веднаш да ги врати назад парите платени за производите, доколку тие биле платени однапред на сметка.

Причини поради кои е можна ненавремена достава: непредвидливи ситуации, изгубена пратка од страна на курирот, лоши временски услови за транспорт, скриена грешка откриена при пакувањето оштетени производи при пакување или транспорт итн. Производите ќе бидат или заменети или по барање на купувачот ќе му бидат вратени парите. 

 

Цена на поштарината

Транспортот на нарачките се одвива преку курирската служба Карго Експрес. Доставата преку Карго се наплаќа 299 мкд, а во зависност од избраниот начин на плаќање може, но не мора, да постои провизија:

1. плаќање при превземање + 99 мкд
2. плаќање на нашиот PayPal профил, без провизија

ПЛАЌАТЕ САМО ЕДНА ПОШТАРИНА ако во една нарачка сте купиле повеќе слики!


Гарантирани најниски цени

Доколку како купувачи успеете во било која друга онлајн продавница да пронајдете пониски цени за печатена слика на платно како од понудата на slikomania.mk, со исти параметри и квалитет, ви гарантираме 10% попуст на конкурентната цена. Попустот ќе се признае по проверката на онлајн трговецот и споредбата на слика со исти параметри и квалитет.

 

Услови за изработка на фотографии на платно

Минимална резолуција и број на пиксели:

20 x 20 cm - 600 x 600 pix.
30 x 30 cm - 900 x 900 pix.
40 x 40 cm - 1200 x 1200 pix.
50 x 50 cm - 1400 x 1400 pix.
60 x 60 cm - 1700 x 1700 pix.
70 x 70 cm - 2000 x 2000 pix.
80 x 80 cm - 2300 x 2300 pix.
90 x 90 cm - 2600 x 2600 pix.
100 x 100 cm - 2900 x 2900 pix.
30 x 20 cm - 900 x 600 pix.
40 x 30 cm - 1200 x 900 pix.
50 x 40 cm - 1400 x 1200 pix.
60 x 40 cm - 1700 x 1100 pix.
70 x 50 cm - 2150 x 1400 pix.
80 x 60 cm - 2300 x 1700 pix.
90 x 60 cm - 2600 x 1700 pix.
100 x 70 cm - 3000 x 2050 pix.
120 x 80 cm - 3600 x 2300 pix.
150 x 100 cm - 3900 x 3000 pix.
50 x 20 cm - 1400 x 600 pix.
80 x 30 cm - 2300 x 900 pix.
100 x 40 cm - 3000 x 1200 pix.
120 x 50 cm - 3600 x 1400 pix.
150 x 60 cm - 3900 x 1700 pix.

Примаме фотографии BMP, JPG  и други слични формати. Фајловите со големина до 10MB испратете ги на e-mail info@slikomania.mk, а за поголеми фотографии мора да се користи услуга на складирање (како DropBox, RapidShare, но и како порака на нашата facebook страна). Максималните димензии зависат од големината на фотографијата. Максималната ширина на платното е 150cm.

ВНИМАНИЕ! При поставувањето на сликата на дрвената рамка потребно е 25mm од печатеното платно, од секој раб, како платното би се прицврстило за рамката. Затоа е потребно да се размисли дали околу работ се наоѓаат некои важни детали или облици. Ако е така, можеме да ја преуредиме со ставање на 25mm бел раб.

 

Подарок ваучер

Драги потрошувачи, сакаме да Ве известиме дека заради актуелната ситуација, ваучерите за подароци ги испраќаме исклучиво во електронска форма. Затоа Ве замолуваме, при купување да изберете плаќање однапред. Во случај да сте избрале само ваучер кој ќе Ви го испратиме на e-mail, не треба да плаќате достава. Затоа Ве замолуваме, во забелешка на нарачката да вметнете: БЕСПЛАТНА ДОСТАВА. Во спротивно, ваучерот нема да Ви биде испратен. Благодариме на разбирањето и Ви посакуваме мирни денови.

Поклон ваучерот во вредноста наведена на предната страна можно е да се користи само за онлајн купување на веб страницата slikomania.mk. По купувањето, поклон ваучерот ќе биде испратен на адресата на купувачот наведена при купувањето.

Поклон ваучерот не може да се користи повеќе пати!!!

Валидноста на поклон ваучерот истрекува во рок од една година од денот на неговото купување. Доколку сакате да ја продолжите неговата валидност, потребно е да поднесете писмено барање минимум месец дена пред истекот на неговата валидност (валидноста е возможно да се продолжи максимум еден месец).

Поклон ваучерот има можност за пренесување на сопственоста. Неговото користење не зависи од личноста која го купила.

Не е возможно да го замените поклон ваучерот за готовина еднаква на неговата вредност. Разликата која може да настане доколку вредноста на ваучерот е погоема од вредноста на купените производи, нема да биде вратена на купувачот. Доколку се појави разлика каде цената на сликата е повисока од вредноста на ваучерот, купувачот е обврзан однапред да го доплати износот на банкарската сметка или при превземање на сликата.

По примањето на поклон ваучерот, купувачот е одговорен за неговата состојба и користење.

Поклон ваучерот може да биде вратен во рок од 7 дена од денот на неговата достава на купувачот.

 

Дополнителни информации за фототапетите:

 

По примањето потребно е да проверите:

  • дали има доволно простор на ѕидот каде што сакате да ги залепите. Потоа, да ги распакувате од амбалажата,

  • дали е доставен добар облик, големина и боја,

  • дали се испорачани сите делови на тапетот и дали сите делови добро се вклопуваат, ако тапетот се состои од повеќе делови,

  • дали фототапетот по распакувањето можеби е скинат, свиткан или оштетен на некој друг начин.

Може да се изврши рекламација само на цела ролна на фототапер во оригиналното пакување. Чувајте го пакувањето и немојте да го оштетите.

Рекламацијата на фототапети кои бие користени, нема да се смета за валидна (на кои е поставени лепило, лепени на ѕид...).

Доколку настане било каква штета по користењето на фототапетот, ние за тоа не сносиме одговорност.

При лепењето на тапетот мора да ги почитувате наведените упатства за работа и да користите спрецијално лепило за тапети.

 

Упатствата за користење можете да ги превземете >TУКА<.

 

Политика на рекламации

Доколку Вашата причина за рекламација е случај каде сте добиле слика која не сте ја нарачале (рокот на рекламација е 30 работни дена), испратете ни фотографија од сликата која Ви е доставена, како и кодот на сликата кој е испишан на амбалажата. Фотографијата испратете ни ја на reklamacii@slikomania.mk. По проверката на добиената фотографија, како и сликата која сте ја нарачале, ќе Ве известиме за наредните чекори преку e-mail. Откако ќе ја набавиме сликата од нашиот доавувач, по курирската служба ќе Ви испратиме замена на Вашата слика.

Доколку добиете слика која е оштетена (на пример размачкана боја, лош натпис или оштетување) видете ја точката 1. На сликата мора да има видливо оштетување.

Доколку сликата е доставена оштетена, што исто така може да се примети и во заштитната амбалажа, а купувачот таква ја прифати- рекламацијата поради оштетување нема да се уважи (ова предупредување е наведено на кутијата во која е испорачана сликата. Не прифаќајте оштетени слики било од курир од пошта или од куриска служба!!!)


Ќе ве контактираме во најкраток можен рок, преку телефон или e-mail.
Доколку купувачот не ги исполни сите горенаведени услови, продавачот не е обврзан да го почитува зададениот рок од 30 дена.

Замената, враќањето или рекламациите не се важечки доколку производот е креиран и изработен единствено за купувачот (на пример фотографии на платно- замена 1-делна за 5-делна слика)

 

Корисничкиот сервис не одговара на СМС пораки!!!


Рекламациите не се важечки во случај на неправилно ракување од страна на купувачот.

!!! ЗА СЕКОЈ ПРОИЗВОД ВАЖИ ГАРАНЦИЈА СО ЗАКОН !!!  (под услови на правилно чување и ракување на производите)

Треба да ги заштитите Вашите производи од штетни влијанија, првенствено разни временски услови или неправилна употреба.

Правата на потрошувачот врзани за продавачот произлегуваат од ------- Zakona o zaštiti potrošača NN 41/14 kao i zakona donesenog na osobu udredbi EU Uredba (EZ) br. 2006/2004 i Uredba (EU) br. 181/2011.

Личните податоци треба да се користат во согласност со -------- Zakonom o zaštiti osobnih podataka NN 106/12, статут користен единствено со цел на работењето помеѓу продавачот и купувачот, и нема да бидат проследени на трети лица (со исклучок на лицата кој го вршат транспортот на производите).

 


dostavi

YjIxYjU