Со користење на нашата страница ги прифаќаш СИТЕ колачиња да се превземаат од страна на твојот пребарувач и уред.

Introduction » Слики Dan JOHANNSON

Слики Dan JOHANNSON

 

Dan Johannson не е само дизајнер, туку во слободното време е и занаетчија и страстен турист. Инспирацијата ја црпи од детството кое го поминал во јужниот дел на Исланд. Со своите мотиви се враќа во времето кога како четири - годишно дете ја набљудувал работата на својот татко во ковачката работилница. Се сеќава на пукањето на дрвата во печката, жарот на  железото и тропањето на алaтите. Dan Johannson сака своето искуство да го пренесе и во Вашиот дом и да ја оживее љубовта спрема природата и почитта спрема занаетчиството.

Сликите на Dan Johannson ќе Ви пружат поглед во типична работилница во loft стил од средината на 20 век. Станува збор за извадоци и фрагменти од спомeните, кои дизајнерот ги пренесе во модерното време. Како што секој материјал има одредени карактеристики, така и Dan во своите дела има вклучено разновидност и квалитет. Комбинира материјали како што се бетон, кожа, р’ѓа, камен, разни скапоцени камења и други природни материјали кои Вашиот дом го спојуваат со природата.

Под брендот Dan Johannson се крие оригиналност, духот на модерното време и убавината која ја нуди природата. Секоја слика Ве повикува на бегство од потрошувачкото општество и Ви нуди засолниште во едноставноста. Откријте ги четирите елементи – воздух, оган, вода и земја. Dan се инспирира од нив и во своите дела ја покажува нераскинливата врска помеѓу модерниот човек и природата.

Низ неговите слики се овековечени приказните од неговите патувања. Се потсетува на убавината на шумите, шумските потоци, и најчистата природа која станала негов дом. На секоја слика од Dan Johannson се гледа развојот на цивилизацијата која од секогаш се развивала во хармонија со природата. Пронајдете се во неговите идеи и изберете слика која ќе Ве маѓепса.


мкд
мкд
Мотив:
Боја
бела
жолта
зелена
кафеава
повеќебојна
розова
сива
сина
црвена
црна
Нај комбинации
бело-кафеави
бело-сино-зелено
бело-сино-сиво
жолто-сиво
повеќебојни
црно-бело
црно-златно-сиво

Created by the system www.fast-webshop.com

YTBhMTEyN
Популарни производи
Во износ: 0
Сите во кошот